8.8 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаОхрид се претвора во ''метропола''- Се асфалтира секој квадрат, се поставува нова...

Охрид се претвора во ”метропола”- Се асфалтира секој квадрат, се поставува нова водоводна мрежа, се заменуваат уличните светилки, се прават нови тротоари и велосипетски патеки…

Општина Охрид претворена во едно големо инфраструктурно градилиште.Сите оние проблеми кој беа натрупани врз граѓаните на Охрид во изминатите 60 години , Општина Охрид ги решава во последните две години.Општина Охрид започна со реализација на уште една значајна инвестиција за модернизирање на градската инфраструктура. Се работи за проектот за комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“ и рехабилитација на целокупната водоводна линија, која иста е стара повеќе од 50 години,а сегашните азбесни цевоводи се менуваат со нови модерни еколошки цевоводи.Улицата Јане Сандански која е една од централните сообраќајни крвотоци на Охрид , ќе добие нови тротоари, велосипедки патеки, тротоари и современ дрворед,како и ново улично осветлување.Заапочна и поставувањето на првиот асфалтен слој на дел од коловозот улицата „Абас Емин“ на потегот од крстосницата со улицата „Охридска бригада“ кон крстосницата со улица „Железничка“. На овој потег претходно беа финализирани активностите за поставување на целокупната подземна инфраструктура, беше извршено тампонирање на подлогата и се поставија нови рабници.

Градоначлникот Константин Георгиески заедно со надлежните од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, секојденво е на терен и ги прати сите градежни активности,како и остварува непосредни разговори со жителите на улицата Абас Емин, во кој разменува мислења за идни потреби на граѓаните кој гравитираат на оваа улица.

Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, интензивно се работи на поставување на цевководите од главната линија на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа и се врши поединечно приклучување на домаќинствата.

Според планираното, сите предвидени градежни работи на улицата „Абас Емин“ се очекува да бидат завршени пред почетокот на годинешната летна сезона.

Охрид Скај

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...