26.9 C
Ohrid
понеделник, јули 26, 2021
Почетна Македонија Сузана Младенова за Зелена Берза-Од фризерка во Албанија до фармер во Македонија.

Сузана Младенова за Зелена Берза-Од фризерка во Албанија до фармер во Македонија.

Translate (Eng):[gtranslate]

Фризерка во Албанија, фармерка во Македонија. Тоа е Сузана Младенова нашата невеста од Албанија, која пред шест години од родното Лабинотфуш, близу Елбасан во Албанија, дојде како невеста за Панче Младенов во селото Пишица, Пробиштип. Во ова село Сузана напоменува дека има и други невести од Албанија, ама вели – жената Албанка сега е жена Македонка пишува зелена берза

 

Сузи, како што семејството ја именува нагалено нашата соговорничка е вредна земјоделка и сточари заедно со сопругот Панче. Работи на нивите на кои садат жито и луцерка, а и градинарски култури: грав, кромид, компир, пипер, домати. Сузи ја затекнавме како ги храни кравите, во шталата чува четири крави и две јуници. Нејзе не и е тешко да ги нахрани повеќе пати во денот, а како жена сточар вели и дека сака убаво да ги чува. Овие години целосно се посветила на фармерството. Денот како што вели и почнува со турско кафе, а потоа оди кај кравите да ги нахрани по што почнува да чисти во шталата. Откако ќе заврши со работата оди да ги нахрани кокошките и пилињата, па прасето. И пак се враќа во шталата да молзи, па млекото да го однесе на патот и да го предаде на откупувачите.

РЕКЛАМА

-Се ова е завршено до 8 и 30 часот, по што повторно им ставам храна на кравите, а потоа одам и кај зајаците, вели нашата фармерка.

Сузи е неуморна, постојано си наоѓа работа во куќата, а ако не работи дома ќе копа во бавчата. И покрај обврските кај неа се забележува нејзиниот ведар дух, секогаш насмеана и гостопримлива.

-Кога Панче попладне доаѓа од работа има ручек и се е завршено, вели Сузи. Панче работи во градежна фирма во Штип и признава  дека поголем дел од обврските на нивната фарма паѓаат на сопругата.

Пресудно Сузи да дојде во Пишица, била љубовта кон Панче, за која вели дека се родила на прв поглед. Со Панче се запознале во Албанија откако тој отишол со негов роднина да одбере невеста. Имал к‘смет да ја запознае Сузи и да ја ожени.

Таа, за кусо време научила да го зборува македонскиот јазик.

Во Албанија, имала дуќан и заработувала како фризер, помагала и на семејните плантажи со маслинки и мандарини. Но, овде и било пишано, вели судбината и била таква, за што сега не се кае, зашто како што ни рече Панче е добар човек, со златно срце.

Нашата соговорничка вели дека е тешко да се работи земјоделие и затоа треба да биде добро платено. Но разочарана е од ниските откупни цени на земјоделските производи.

-Цените се џабе, млекото има ниска цена, оризот исто така, се пожали таа  и рече дека веќе две години не сеат ориз поради ниската откупна цена. На ова Панче со надоврзува велејќи дека за овие 6 години само еднаш го дале оризот по 22 денари за кг, секоја година по 17 денари за кг.

Сузи веќе прави разлики во земјоделието и начинот на работа во Албанија и Македонија. Забележала и дека некои работи како што вели не стојат на место. Прво како што рече, проблем се ниските цени и пласманот, но и тоа што има луѓе со земјоделски имот, а ништо не работат.

-За разлика од тука, во Албанија младите работат повеќе земјоделие. Ја имам внуци сите работат. Тука само постарите работат. Има семејства кои живеат на село, а ништо не работат. Немаат крави, не чуваат кокошки, немаат ништо. Да живееш на село, а да не работиш срамота е, вели Сузи.

Проблем што ги тишти земјоделците според неа е што нема доволно пазарни денови да се продадат земјоделските производи.

 

-Во Албанија има пазар секој ден да продаваш и купуваш. Овде нема, еднаш одиш во Кочани, па во Пробиштип и Штип. Во Албанија и на пат можеш се да продадеш, вели Сузи и се жали дека овде сточарењето станува неисплатливо, бидејќи сточната храна е скапа.

-Проблем е што млекото е џабе, субвенции за лани немаме земено, а треба да купиме детелина. Имаме големи трошоци, 150 .000 денари само за детелина, се жали Сузи.

Таа отворено проговори за предизвиците и проблемите со кои се соочува руралната жена  и колку е тешко да се биде носител на земјоделско стопанство. Плановите за во иднина и се поинакви.

 

-Едвај чекам да заврши кризата со пандемијата, па да отворам фризерница, вели Сузи која покрај секојдневните обврски на фармата одвоила време пред една година да оди на курс за фризери во Штип и да земе диплома со која ќе може да го работи занаетот кој добро го познава.

Љубовта доаѓа преку храната

Велат љубовта доаѓа преку храната,  нешто што по што се води Сузи, а тоа го применила и во пракса. Таа ја сака македонската кујна, меси, сучи и прави зелник и пити, но прави и јадења од албанската традиционална кујна. Таа сама меси леб, а од  млекото прави сирење.

„Тафкоси“ е омилен специјалитет што го готви за Панче, а се прави со јагнешко и телешко месо. Раскажува дека се подготвува во тава, но прво се пржат четири лажици брашно, се става кисело млеко, се меша, па се става да се вари во тенџере на шпорет со 2-3 разматени јајца. Откако добро ќе се свари месото се става во голема тепсија и се прави запршка со кајмак и црвен пипер. Се пече месото околу 20 минути, додека да се згусне запршката, вели Сузи.

Таа е муслиманка по вероисповед и во нивната куќа се слават и православните и муслиманските празници. За Рамазан Бајрам и за Велигден, за Прочка, Сузи прави  благо „Помпета“ или  баклава за која таа сучи 30 кори два пати ги дели со ореви, прави шербет и ја попарува.

 

Јулија Малинова за Зелена берза

- Реклами -