16.5 C
Ohrid
недела, мај 16, 2021
Почетна Македонија Заев после куќниот притвор за Рашковски: Уште еднаш ви докажав дека со...

Заев после куќниот притвор за Рашковски: Уште еднаш ви докажав дека со законот нема играње, па кој сака нека биде тоа..

Translate (Eng):[gtranslate]

Никој не е недопирлив, порача премиерот Заев, коментирајќи го случајот Рашковски. Премиерот вели дека сега се е во рацете на институциите кои водат истрага за набавка на софтверот за контрола во сообраќајот.

Од опозицијата велат дека одамна алармирале дека поранешниот генерален секретар е вмешан во криминал, но Владата не реагирала.

Уште пред две-три години ВМРО – ДПМНЕ алармираше дека кај Рашковски има индиции за сторен криминал, но бидејќи беше најдобар другар на Заев за него законот не важеше. Дали сега ќе важи ќе видиме од оваа постапка, но сакам да нагласам дека Рашковски бил само генерален секретар на една институција каде што главниот шеф бил Зоран Заев и кое било незаконско дејствие на Рашковски не ја исклучува командната одговорност на премиерот Заев како надреден над генералниот секретар Рашковски.

РЕКЛАМА

Антикорупциска минатиот месец отвори предмет за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот којшто го распишал Драги Рашковски како генерален секретар на Владата, а се проверува и имотната состојба што ја пријавил во анкетниот лист.

- Реклами -