9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветДендијас и Чавушоглу наместо да се помират се испокараа на прес конференција

Дендијас и Чавушоглу наместо да се помират се испокараа на прес конференција

Грчките и турските министри за надворешни работи, Никос Дендијас и Мевлут Чавушоглу, имаа вербален конфликт на прес-конференцијата во Анкара, бидејќи не се согласија за повеќе билатерални прашања. Чавушоглу и Дендијас пред камерите изнесоа спротивставени ставови за поморските граници, мигрантите и третманот на малцинствата.

Грчкиот министер е во Турција за да почне дијалог за решавање на билатералните спорови.

„Ако изнесувате толку тешки обвинувања против мојата земја и мојот народ, јас сум должен да одговорам“, рече Чавушоглу, видно незадоволен од изјавите на својот грчки колега.Дендијас особено ги критикуваше активностите на Турција во Егејско Море и источниот дел на Средоземно Море, како и примената на Турција на договорот со ЕУ за мигрантите.„Позицијата на Грција е јасна и вие не ја слушате првпат. Турција ги крши меѓународното право и поморската конвенција во Егејско Море и источниот дел на Средоземно Море, како и суверените права на Грција, бидејќи спроведе 400 лета над грчкото тло“, рече Дендијас.

Чавушоглу возврати дека Анкара во Средоземно Море ги штити интересите на Турција и на кипарските Турци, додека за договорот рече дека Турција „пристојно“ го спроведува.

Турскиот министер неколку пати повтори дека она што Дендијас го зборува е „неприфатливо“.

Грција и Турција, кои со години имаат деликатни односи, се расправаат околу разграничувањето на зоната за експлоатација на гас во источен Медитеран.

Односите беа затегнати и од меѓусебното незадоволство од третманот на муслиманските малцинства во Грција и православните малцинства во Турција.

Фото ЕПА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...

Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас

❗️Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби! Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ...