24.9 C
Ohrid
недела, јули 25, 2021
Почетна Македонија Сопственици на компанијата Gulf Oil со донација од 1.000.000 денари за семејството...

Сопственици на компанијата Gulf Oil со донација од 1.000.000 денари за семејството на Верче, да се спасат три животи не е мала работа велат тие..

Translate (Eng):[gtranslate]

Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило.

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија донира милион денари на семејството, на трагично починатата Верица Белчовска, кое покажа колку е цврсто во болката. Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.

„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари“ – велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.

РЕКЛАМА

Пишува Плус Инфо

- Реклами -