8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаММС- Срцето на Верче и беше полно со живот така и ќе...

ММС- Срцето на Верче и беше полно со живот така и ќе продолжи да чука

Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско,  за својата сестра Верица,  која на само 20 години го загуби животот, но нејзинот срце по синоќешната трансплантацијата почна да чука во друг млад живот.

Солзи и непребол во семејството Белчовски, за загубата на нивната најмала ќерка Верче, која несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица. Како што вели нејзиниот брат Мартин, возачот побегнал од местото, а Верче се здобила со тешки повреди кои ја чинеа живот.

-Верче не успеја да ја добие борбата за живот, низ солзи вели Мартин за ММС.

Токму таа борба за живот, сиромаштијата и невработеноста пред неполна година семејството Белчовски ги разделило во два града. Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берови, додека таткото Кирил, мајката Душата со двете ќерки Ана и Верица  се преселиле под кирија во Струмица. Кирил уште не успеал да најде работа и по девет месеци преселба, но трите дами во семејството некако се снашле.

-Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција. Во Берово е многу тешко да се најде работа, затоа мајка ми и татко ми со сестрите се преселија во Струмица. Татко ми сеуште е невработен, мајка ми работеше во еден маркет, па требаше да се префрли во друг и откако се случи ова не знам што ќе биде. Постарата сестра Ана (23)  работи во спортска обложувалница, а Верче работеше во кафуле.  Под кирија се, мораа да заминат,  од Берво се преселија бидејќи  нема работа, секаде е полно и со ниски плати. Целото семејство ми отиде , само јас останав во Берово, само јас работев, вели низ солзи Мартин.

Целиот текст на авторот Весна Миленковска  порчитајте го овде ммс.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...