5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопје-27 годишното момче доби ново срце-поклон од 20 годишната девојка која загина...

Скопје-27 годишното момче доби ново срце-поклон од 20 годишната девојка која загина во сообраќајна несреќа

Доцна синоќа на Клиниката за кардиохирургија успешно беше извршена трансплантација на срце кај 27.годишно момче. кое подолго време чекало донор.Сложената операција траеше неколку часа. Срцето кај младото момче почнало да чука пред 4 часот утринава.

Министерот вчера ја објави веста дека се бара пациент кој би можел да го добие срцето на несреќната девојка на која не можел да ѝ се спаси животот и рече дека ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези.Инаку првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

Филипче на Фејсбук објави за успешната трансплантација.

„Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27 годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги“, напиша Филипче.

Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“..

Првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43- годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...

Давкова: Без Охрид, Македонија нема да биде почитувана! – порача таа од синоќешниот митинг.

На 9-ти мај, ќе ја славиме Македонија како твоја и Македонија како горда! Ви ветуваме дека ќе докажеме дека нема да ве срамиме, дека...

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...