12.5 C
Ohrid
недела, мај 16, 2021
Почетна Македонија Господи отворииги Рајските порти: Жителите на Русиново се простија од нашиот ангел...

Господи отворииги Рајските порти: Жителите на Русиново се простија од нашиот ангел Верче.

Translate (Eng):[gtranslate]

Човечкото срце е многу големо, може се да издржи. Така и денес срцата на жителите на село Русиново, беровско, од една страна се среќни, што нивна сограѓанка спаси животи, но од друга срцата им се распарчани, очите им се полни со солзи за еден млад згаснат живот. Велат највисокото скалило на пиедесталот на хуманоста и припаѓа на Верче и нејзиното семејство Белчовски, но и дека нивниот чин на хуманост институционално мора да биде награден.

Жителите на Русиново кои денес се простија од својата млада сограѓанка порачаа дека тие сами не се моќни да помогнат на ова семејство, кое со својата храбра одлука за донирање на органите го покажа она што ретко кој има храброст да го покаже.

РЕКЛАМА

Роднините на Белчовски се меѓу оние кои најдобро ги познаваат и затоа побараа поголема поддршка.
-Државата може да помогне на ова семејство во кое сите се невработени. Тоа што го направија е голема хуманост која ќе спаси многу животи, неколку души ќе спаси, но за жал Верче ја нема, ама ќе живее нејзиното срце во друго момче, истакнаа роднините на Белчовски.

На исто мислење се и останатите жители кои зборуваа за големата трагедија, која не може да ја замени никаква помош, но сепак треба да се поддржи семејството за она што го направи.
-За помош секако дека треба помош, знаеме во какви услови живееме сите во Македонија. Навистина институтциите треба да си ги направат своето. Селаните поддршка ќе дадат, тешко дека некој се радува на ова, штета за девојчето, за овој млад живот, но сепак граѓаните не можат сами да помогнат, тоа мора да го направат институциите, вели Софија од Русиново.

Русиново денес е со една мисла и со желба ова семејство да не биде заборавено.
-Нашето село е хумано село и ќе му помогнат на семејството. Белчовски се семејство домаќини, многу се одговорни во однос на она што го работат. Поддршка имаат од сите нас. Жителите од утрото одат на црква. Сите им изразуваат благодарност за подарените органи, вели Милошовски.

Делегација од општината со градоначалникот Звонко Пеќевски присуствуваше на испраќањето на младата Верица кон нејзиното вечно почивалиште. Најавија иницијатива за одржување итна седница на Советот на која ќе се побара финансиска поддршка за семејството Белчовски, а во понатамошниот период и ќе се инсистира на разговори на повисоко ниво како институционално да биде зајакната таа поддршка.

Извор: mms.mk за повеќе детали и слики, кликнете тука 

- Реклами -