14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаOва го нема ни во филм: Пратеничка од СДСМ во скафандер и...

Oва го нема ни во филм: Пратеничка од СДСМ во скафандер и Брза помош дојде во Собрание. (Видео)

Еден час пред почетокот на двете седници кои се закажани во законодавниот дом. Пратеничка од СДСМ со возило на Брза помош пристигна во Собранието, бидејќи за една од седниците, Власта нема кворум за гласање

Од пратеничката група на СДСМ велат дека нивната колешка е целосно заштитена иако е позитивна на коронавиурс.

-Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот, пишува Костадиновска-Стојчевска.

Пратеничката нагласува дека нема да дозволи уцени и дека нејзина должност како пратеничка е постојана и благородна.

-И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата. Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава разлика има меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш се за народот и да правиш се против народот, објави Костадиновска-Стојчевска.

Во Собранието денеска би требало да бидат изгласани законите од петтиот антикризен пакет со што тој треба да стане функционален. На веб страницата на Собранието во 14:15 часот е закажана 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет, а претходно во 14 часот е закажана 32. седница.

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...

Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт!

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт! Јас никогаш не агитирам за себе, граѓаните знаат за кого да гласаат, знаат да си го...