4.9 C
Ohrid
сабота, декември 21, 2024
ПочетнаМакедонијаБолката од ден за ден е поголема: Koja беше Верче, и што...

Болката од ден за ден е поголема: Koja беше Верче, и што мислат жителите на село Русиново за нејзината фамилија. (Видео)

spot_img

Хуманоста на семејството на трагично загинатата Верица да биде институционално наградена. Ова е пораката на жителите на село Русиново, кои низ солзи во очите простувајки се од Верче, уште еднаш го поздравија хуманиот чин на семејството Белчовски, кое несебично се реши да ги донира органите на својата ќерка и со тоа да спаси човечки животи.

-За помош треба помош, знаеме во какви услови живееме сите во Македонија, но институциите треба да си ги направат своето. Селаните поддршка ќе дадат, тешко дека некој се радува на ова, скраја да е, штета за девојчето, но сепак граѓаните не можат сами да помогнат, тоа мора да го направат институциите, истакна Софија Буровска, жителка на село Русиново.

Нејзиниот сожител Жико Милошовски, додаде дека и самите мештани се подготвени да им помогнат на семејството Белчовски.

-Мислам оти нашето село е хумано село и ќе има помош за семејството. Белчовски се семејство домаќини, одговорни за работа беа досега. Цело село им дава поддршка, од утрово одат на црква, изразуваат поддршка. Сите во таа незгода им се заблагодаруваат што ги подарија органите на својата ќерка, вели Милошовски.

Помош и институционална поддршка очекуваат и роднините на Белчовски.

-Голем хуман чин кој ќе спаси многу животи. Верче ја нема, но нејзиното срце ќе живее во срцето на друго момче. Инаку финансиски секој може да помогне, веќе ако решиле Македонија е голема и може да помогне, пошто сите од семејството се невработени, велат роднини на Белчовски.

Според дел од жителите, на семејството од Русиново и досега требало да му биде овозможено поголема помош.

-Помошта како што слушаме била потребна од претходно, сега откако отиде девојчето мислам дека е џабе. Може да е некоја утеха за нивните родители тие донации, ама тоа не се враќа и добро е што се согласија да се донираат органите, многу редок и хуман чин, вели низ солзи жител на селото.

Од општината најавија иницијатива за одржување итна седница на беровскиот Совет на која ќе се побара финансиска поддршка за семејството Белчовски, а во понатамошниот период и ќе се инсистира на разговори на повисоко ниво, како институционално да биде зајакната таа поддршка.
Delcevo 365.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во полициската станица во Радовиш началник добил ќотек од инспектор

Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за...

Младата охриѓанка Анастасија Смилевска ќе ја претстави Македонија на Европско карате првенство во Полска

Каратистката Анастасија Смилевска член на карате клубот „Кун-су-то“ Охрид преку државното првенство и плеј офф натпреварот кој се одржа во Скопје на 15.12.2024 со...

Апел за помош: Премрзнат возрасен маж со часови лежи во Центар, збунeт.

На социјалните мрежи кружи фотографија со возрасен маж и се аплеира дали некој ќе го препознае лицето. Како што стои во еден од описите човекот...

Митрополитот Петар: “Да се прогласи Св. Никола за неработен ден, за сите да можеме да се најдеме во храмовите и заеднички да празнуваме”

По 17-ти пат прилепчани вчера се поклонија пред својот заштитник на градот, Светиот Николај Чудотворец, празник кој најмасовно се празнува во градот под Марковите...