15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаМакедонијаНашинците од странство не дојдоа годинава ама сепак испратија 1 милијарда евра...

Нашинците од странство не дојдоа годинава ама сепак испратија 1 милијарда евра по роднини и пријатели во Македонија

Според проценките на НБ коишто се прават според методологија усогласена со Меѓународниот монетарен фонд, износот на овие дознаки, од 2009 година наваму, надминува една милијарда евра годишно, односно изнесува околу 16 проценти од БДП.

Со овие пари се намалува сиромаштијата, но оние пари кои се испраќаат по легални канали како банки и брз трансфер на пари за 15 години изнесуваат само 2,8 милијарди евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека токму тие  лани растеле. Приливот на пари по овие канали за девеете месеци лани изнесува 210 милиони евра, или за 63 милиони повеќе од истиот период од 2019 година, или 10 милиони повеќе од парите испратени за цела 2019 година кои изнесувале 199 милиони евра.

Управата за финансиско разузнавање е местото каде што давателите на услуги на парични дознаки, односно на брз транфер на пари, доставуваат податоци за трансакции во износ од 1.000 евра и повеќе. Во текот на 2020 година по тој основ доставени се вкупно 66.065 пријави за испратени пари од над 1.000 евра. Брзиот трансфер на пари е еден од начините, покрај стандардниот меѓубанкарски, за испраќање дознаки, но спредба со една година претходно не може да се направи бидејќи евиденцијата законски е започната од 1 јули 2019. Но ако се земе во предвид полугодието од таа година, може да се заклучи дека сепак лани нашите испраќале повеќе на овој начин.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...