17.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаМакедонијаОхриѓанец наседнал на измама дека добил наследство, па уплатил 4.530 евра за...

Охриѓанец наседнал на измама дека добил наследство, па уплатил 4.530 евра за да му го префрлат

Охрид, 20. април 2021 – На 19-ти април 2021 година, 53-годишен жител на Охрид пријавил во СВР Охрид измама сторена на први март 2021 година на социјалната мрежа Facebook јавува Охридпрес.

– Според пријавеното, преку порака што ја добил од друг Facebook профил, бил известен дека е добитник на наследство, поради што треба да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за да истото, му биде префрлено на неговата трансакциска сметка, информираат од СВР Охрид.

Тој, во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.

извор: МВР фото: архива

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, едно лице загина !!!

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило животот. На излез од село...