25.9 C
Ohrid
недела, јули 25, 2021
Почетна Македонија Девојчето од Велес не ги малтретирала само своите врснички, таа малтретирала и...

Девојчето од Велес не ги малтретирала само своите врснички, таа малтретирала и постари луѓе низ улиците, заедно со своите другарки- Но што ги тера на младите да прават вакви работи?!

Translate (Eng):[gtranslate]

Нов случај на насилство меѓу малолетници. 12 годишно девојче од Велес било претепано од неjзина врсничка. Снимката објавена на социјалните мрежи ја вознемири јавноста. На неа се гледа како насилничката со клоци и тупаници ја напаѓа жртвата која моли за помош. Тоа го гледаат други девојчиња, кои наместо да помогнат ја снимат целата ситуација, но од неофицијални извори дознаваме дека 12 годишното девојче додека се шетало со своето куче од расата ПитБул се обидувало да нападне и постари личности, раскажуваат Велешани. Но што ги тера младите на ваков чекор и зошто го прават сето ова?!

Ескпертите проблемот за булингот пред се го гледаат во семејството, но и отсуството на соодветен институционален механизам.

РЕКЛАМА

-Желбата за лајк плус на социјалните мрежи но и пандемијата дополнително влијае врз психата на децата, смета социологот Татјана Стојановска Ивановска.

На иста линија е и психологот Мирјана Јовановска, која смета дека со едукација и кревање на свеста кај младите, може да се реши проблемот.

Инаку случајот е стар неколку дена и идентитетот на 12 годишната насилничка е познат. Таа не застанала тука и веќе наредниот ден повторно на истата улица нападнала уште една малолетничка. Од СВР Велес велат дека нејзиниот родител ќе добие пријава за негрижа на дете.

- Реклами -