11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаОдземен пасошот на момчето што ја прегази Верица

Одземен пасошот на момчето што ја прегази Верица

Осумнаесетгодишното момче кое што ја прегази Верица Белчовска, девојката чии органи подоцна беа донирани и трансплантирани, избегало од местото на сообраќајката што се случила во Струмица, на 7 април годинава. Откако ја прегазил Верица на пешачкиот премин со „нисан“, возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна се пријавил во полиција и го признал делото.

Истрагата утврдува дали тој делото го извршил со умисла или без умисла, и од тоа ќе зависи колкава казна затвор ќе се предложи за него. Од Основното јавно обвинителство за „Слободен печат“ велат дека моментно траат судските вештачења. Во меѓувреме, на младото момче, кое имало дозвола за управување моторно возило, одземен му е пасошот како мерка за претпазливост дека нема да ја напушти државата.

,,До несреќата дошло кога автомобил нисан удрил во пешак кој преминувал на пешачки премин, по што возачот го напуштил местото на несреќата. Јавниот обвинител веднаш по несреќата издаде наредба за обезбедување на сите докази и траги на лице место и даде насоки за откривање на сторителот. Подоцна истиот ден, возачот на автомобилот, на возраст од 18 години, самиот се пријавил во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од кривичниот законик. По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Струмица за осомничениот определи мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и тој веќе даде свој исказ пред јавниот обвинител во кој не негира дека го сторил делото”, информираат од обвинителството за „Слободен печат“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...