14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаСветПо наредба на судот 25 педо*или се кастрирани..

По наредба на судот 25 педо*или се кастрирани..

По наредба на судот 25 педо*или се кастрирани, според важечкиот закон на Казахстан. Текстот го издвојуваме затоа што сметаме дека допира мошне важна тема и за нашето општество.
Различни држави имаат различни системи на правда, но секаде се смета дека силувањето на децата е едно од најгрозоморните злосторства. Во Казахстан, казната е кастрација – и годинава, 25 затвореници се кастрирани поради ваков тип на злостор.
Хемиската кастрација делува така што се вметнуваат лекови кои го намалуваат либидото со блокирање на тестостеронот. Според казахстанскиот закон што стапи на сила во 2018 година, на оние кои се осудени на затворска казна за силување малолетници, може да им се изрече судски налог да го добијат како казна КАСТРИРАЊЕТО. Ефектите од инјекцијата не траат вечно…

„До денеска има 25 осудени лица кои ја издржуваат казната во казнениот систем, на кои судот им изрече присилни мерки во форма на хемиска кастрација“, изјави Алексиј Милијук, службеник во Министерството за внатрешни работи на земјата.

Во изјава за медиумите еден од осудените лица кој ја примил инекцијата, повика на забраната за оваа пракса.

“Барам помош и сакам да апелирам до сите да престанат со оваа кастрација. Сè уште се надевам дека ќе одам дома и ќе продолжам да живеам. Сакам семејство и деца”.

“По инекцијата, целото тело ме боли толку многу што е тешко да се оди. Застрашувачки е”.

Иако според некои како нехумана, хемиската кастрација се применува во неколку држави, вклучително Полска и Јужна Кореја, како и во голем број американски држави. Некои земји нудат дури и намалени казни за оние кои се согласуваат да бидат инјектирани.

Кога беше донесен законот, околу 22.500 американски долари од националниот буџет беа издвоени за мерки за намалување на сексуалното либидо, со цена на кастрирање на секој поединечен пациент што чини околу 295 американски долари годишно.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...