14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаГрад Скопје ја намалува комуналната такса за 10 денари.

Град Скопје ја намалува комуналната такса за 10 денари.

Град Скопје продолжува со конкретните мерки за помош на скопските угостители во интерес на полесно надминување на економските последици од панде*ијата. За таа цел и оваа година Град Скопје продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година, истакнаа од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека значајно е да се нагласи дека Советот на Град Скопје минатата година веднаш по почетокот на панде*ијата усвои низа мерки за помош на домашната економија, а граѓаните кои работат во стопанството да ги задржат своите работни места и полесно да ги пребродат економските последици од справувањето со глобалната криза.

– Град Скопје е најголем чинител во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука е најголемиот број на работни места, тука се остваруваат најголемиот дел од инвестициите во земјава. Работите не смеат да запрат и Град Скопје ќе продолжи посветено да работи на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции, истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на минатогодишната седница на Советот на Град Скопје кога беше усвоен пакетот економски мерки.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

СДСМ: Ги очекуваме првичните резултати од изборите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, прес-конференција по завршувањето на претседателските избори, Скопје, 24.4.2024 година Изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера, а граѓаните својата...

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131