13.6 C
Ohrid
вторник, мај 11, 2021
Почетна Македонија Инспекторите најавуваат протести доколку Заев го разреши Пауновски...

Инспекторите најавуваат протести доколку Заев го разреши Пауновски…

Translate (Eng):[gtranslate]

Во историјата на Инспекторатот немало толку успешен директор, велат дел од колегите на Стојко Пауновски, изненадени од изјавата на премиерот Зоран Заев за негово разрешување поради тоа што не прифаќа нови 35 рамковни вработувања.

Како што објави Телма, инспектори од сите градови се на пат кон Скопје. Бараат прием кај премиерот Заев во Владата. Потпишуваат петиција да не биде разрешен директорот на ДПИ, Стојко Пауновски. Не исклучуваат и протести против разрешувањето.

Пауновски претходно изјави за медиумите дека и по цена да биде разрешен од директорското место, нема да отстапи од одлуката дека нема да ги прифати рамковните вработувања со образложение дека тие лица сакаат канцелариска работа, а не теренска каква што предвидува неговиот Инспекторат, а повеќето од нив немаат соодветно образование.

РЕКЛАМА
- Реклами -