12 C
Ohrid
петок, мај 7, 2021
Почетна Македонија Градоначалникот на Охрид: Здравје после Велигден ќе ги отстраниме сите плажи од...

Градоначалникот на Охрид: Здравје после Велигден ќе ги отстраниме сите плажи од Метропол накај Пештани

Translate (Eng):[gtranslate]

Сите плажи од Метролоп накај Пештани ќе бидат отстранети, вели Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид, за Охрид1. Тој не е оптимист за престојната туристичка сезона глобално, најмногу поради траењето на пандемијата, но очекува домашните туристи повторно да дојдат во Охрид. Вели дека ќе се расчистува крајбрежјето, но ќе се вадат лежалки и рампи за паркинг кои некои самоволно ги поставувале. Нема да има никакви објекти на плажите впрочем.

„Во најскоро време ќе продолжиме со расчистување на крајбрежјето. Имаме објекти останати на плажите, тие оваа сезона нема да функционираат, сите ќе бидат отстранети. Предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на плажите. Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Сите плажи од Метропол спрема Пештани, ќе бидат отстранети по велигденските празници. Додека плажите во опфат на ДУП-от, ќе мора да се отстранат. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, вели Георгиевски за Охрид 1

 

РЕКЛАМА
- Реклами -