6.4 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаЗабава(Видео) Малата Ива од Кичево стана хит - Сите ја обожаваат на...

(Видео) Малата Ива од Кичево стана хит – Сите ја обожаваат на балканот и пошироко

Малата Ива од Кичева со своите оригинални изведби на наши познати песни и уникатните кореографии кои ги игра од срце, ги освои симпатиите на нашиот народ, но стана препознатлива и за целиот Балкан. Интересирајќи се за нејзиниот талент стигнавме до мајката на Ива, Ирена Стојкоска која ја сподели со нас тајната за талентот на Ива.

„И јас и мојот сопруг сме играорци, од таму ѝ е талентот на Ива“, вели мајката Ирена. Но освен Ирена и нејзиниот сопруг, во семејството има и други роднини кои придонеле Ива да прерасне во весела песнопојка: „Уште од малечка Ива си потпевнуваше, а друштво во пеењето ѝ правеа баба ѝ и чичко Дарко, кој исто така е играорец“, додава Ирена.

Преслатката Ива едноставно ужива во музика и ги сака сите жанрови, а според мајката Ирена омилени песни ѝ се „Бум Бум“ од Сузана Гавазова и „Мотори“ од Дивље Јагоде.

Освен што е расположена за секаква музика, Ива е расположена и за секаква публика:„Не игра само пред нас, игра и си потпевнува и пред други луѓе, не се срами“ вели Ирена.

Ива, сосема нормално, уште сега мечтае да биде пејачка кога ќе порасне, и како што вели нејзината мајка, тоа ѝ е единствената желба за сега. Дефинитивно може да се препознае оваа желба кај малата Ива, со микрофонот во рака уште сега изгледа како вистинска музичка ѕвезда во видеата кои нејзините родители ги објавуваат од неа.

Оливера, гордата баба на Ива, одлучила да го сподели талентот на својата внука, па ја пријавила Ива на Фејсбук натпревар за музички таленти од Балканот, каде сега Ива е главна ѕвезда и нејзините видеа ги споделуваат луѓе буквално од сите балкански земји.

На малата Ива ѝ посакуваме да порасне во вистинска музичка ѕвезда и вечно да биде гордост на мама и тато, а во прилог споделуваме неколку од видеата во кои Ива ги пее своите омилени песни, секако со согласност на нејзините родители.

 

Христина Спирова за ммс.мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...