13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаПациент побегнал од штипската модуларната болница, по еден час пронајден мртов во...

Пациент побегнал од штипската модуларната болница, по еден час пронајден мртов во околната уличка

Седумдесет и пет годишен пациент од Пробиштип, кој бил хоспитализиран во штипската модуларна болница на полноќ избегал, но по еде час на само неколку метри од болницата на улицата „Мирче Ацев” во близина на средното медицинско училиште е пронајден мртов. Случаен минувач пријавил во полиција, поради траги од кочење на автомобил првично се проверувало дали станува за прегазен пешак. Но, подоцна било утврдено дека станува збор за пациентот, кој побегнал од модуларната болница. Обдукцијата покажува дека нема траги на насилство и според првичните сознанија причина за смртта е белодробната пневмонија.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека на лице место излегле полициски службеници и јавен обвинител. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев го потврдува настанот.

Според него и вработените главниот влез на модулраната болница секогаш е заклучен, но пациентот успеал да излезе преку задниот влез, од каде се носат пациенти. Веднаш е формирана Комисија за квалитет, која треба да го истражи случајот.

– Комисијата откако ќе го истражи случајот, извешатјот ќе го доставам до Дисциплинската комисија, а повеќе детали за случајот јавноста ќе ја информираме во понеделник – рече Ѓеорѓијев.

Тој посочува дека доколку се утврдат пропусти ќе има и санкции за дежурните кои биле во болницата.

Во изминатите 24 часа во штипскиот ковид-центар починаа и 65-годишен пациент од Виница и 75-годишен од Штип. Загрижува и тоа што 61 пациент се на постојана кислородна поддршка. Пред еден месец пациент на Инфективното одделение посегна по својот живот, фрлајќи се од вториот кат. Пациентот заврши со тешки скршеници.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...