14.9 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаПеро Рујковски неодамна побара помош за да преживее, а сега спаси 27-годишна...

Перо Рујковски неодамна побара помош за да преживее, а сега спаси 27-годишна девојка од Кичево.

Самиот побара помош за да преживее, за да го победи лошиот вирус, сега за помошта враќа безмерно. Гевгеличанецот Перо Рујковски донирал крвна плазма за да спаси 27 годишна кичевчанка која е заболена од вирусот. Денеска самиот ни се јави. Исто како во декември лани кога скромно ни пиша да му помогнеме. Тогаш раскажа дека успеал да го помине вирусот но дека нема пари да се долечи. Бараше помош. Ние помогнавме со објава на текст и неговата сметка. Рујковски вели – имало донации. Му помогнале. А тој е татко на пет деца. И има жена со инвалидитет.

И колку е само голем, колку е благодарен.

Сега решил самиот да помогне. Со пари не може ама може со својата крв. Ќе спаси живот. И тоа млад живот

„Вие еднаш ми помогнавте и јас сум многу благодарен. Децата видселе во некоја група на социјалните мрежи дека има потреба од лекови и ги донирав тие антивирусни лекови – моксирал кои ми останаа. Напишав и дека можам да донирам и крвна плазма, дека сум нулта позитив. Немаше половина час, ми пишаа дека ми бараат телефонски број. Го дадов ми се јавија и се договоривме. Требаше да се донира за 27-годишна девојка од Кичево. Утредента се заврши се. Дадов крв. Одбив паричен надомест ги земав само соковите за освежување, вели Перо.

Тој сега се чувствува добро иако има повредена рака.

Целата приказна кога тој бараше помош е овде. Велеше вака:

„И јас сум еден од многуте кои директно се соочија со оваа страшна болест. Морам да кажам дека навистина ги почитував сите мерки за заштита од корона вирусот, но бидејќи мојата сопруга е лице со инвалидитет, а имаме пет деца, јас сум тој што мора да ги завршува сите работи. И да пазарам, и да одам по други набавки и децата да ги снабдам со сè што треба. Веројатно, некое мое мало невнимание беше доволно да се заразам. Здравствената состојба ми стана толку тешка што мораа да ме хоспитализираат. Имав обилна пневмонија и цели 25 дена останав на лекување во гевгелиската болница. За терапијата и лековите што да ви кажувам. Сега имам друг проблем, а тоа е  што не можам да си ги купам лекарствата кои се уште морам да ги пијам, прескапи се, рече тогаш.

Сега Рујковски дури и ги подарил останатите лекови. Неговата големина нема цена. За својот гест сега не бара ни пари.

фактор

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...