5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЧичко Стојан 17 години живее сам со кравите покрај реката Пчиња

Чичко Стојан 17 години живее сам со кравите покрај реката Пчиња

Вистински авантуристи и љубители на природата сигурно знаат за Адреналинскиот мост на реката Пчиња кој го спојува селото Кожле со автопатот „Пријателство“. Овој мост го нарекуваат и Стојанов мост, по Стојан Трајанов кој е еден од градителите, задно со неговите пријатели, и жителите на село Кожле пишува Женски Магазин

Убавините на овој крај на вистински начин ги доживува чичко Стојан и неговата сопруга, тетка Светлана, кои голем дел од своите пензионерски денови ги поминуваат токму овде, на црковниот имот, кај манастирот Рожденство на Пресвета Богородица.

-Да не беше коронава, луѓево немаше да дознаат за ова место, немаше толку да ја засакаат природата. Ги научи да уживаат во домашното. Од уста на уста, се шири приказната и доста луѓе доаѓаат“, ни раскажува чичко Стојан додека ни бара клупа и столчиња и не нуди да седнеме, затоа што дворот на црквата е полн со луѓе кои по прошетката се одмараат токму овде. Стојан со секој од нив ќе си промуабети, а тетка Светлана знае да понуди со пита, домашно слатко, пиперки со урда, лутеница, пача во сезона на постудени денови мои можете да си ги купите во црковниот двор. Има можност да си нарачате и риба, треба само еден ден однапред да ги известите домаќините. Чичко Стојан ја фрла мрежата во Пчиња, тетка Светле ја подготвува рибата, и добивате ручек како во ресторан, со незаменлив поглед. И домашната пита оди со закажување, ден однапред, и штом стасате, ве чекаат на трпезата покрај Пчиња, на неколку чекори од дворот.

-Јас сум инаку дојденец, од село Инџиково. Целиот мој работен век работев во ЈСП. Откако се пензионирав, пред речиси десет години, повеќе сум тука отколку во моето село. Ова е црковен имот, за викенд има луѓе, a понекогаш преку недела сум сосема сам. Сопругата за викенди доаѓа, а јас имам обврски. Се грижам за околу двасетина крави, го одржувам имотот на манастирот“, ни раскажа Стојан кој речиси 17 години, ова место го смета за свој дом, уште пред да се пензионира.

Пред короната, најпракитчно ми беше да доаѓам тука со воз. Се симнувам кај другиот висечки мост, на Вардар, таму имам и најубави ливади за пасење на кравите. Од таму имам помалку од еден час пешачење до црквата. Или пак, одам со кола. Се паркирам горе, на паркингот на автопатот и го преминувам мостот, тоа е побрз начин да се стаса овде“, раскажува Стојан додека тетка Светлана ја изнесува питата.

Вториот начин да стасате до ова прекрасно место е подолг, но повозбудлив. Се оди пеш од селото Кожле. Ако одите од центарот на Скопје, патувате преку населбата Петровец, и пред Катланово се исклучувате десно за Блаце.

Ако решите да ја изодите нашата пешачка тура, ве очекуваат панорамски глетки од кои се одзема здивот, и се пешачи околу еден час. Патоказот цело време ви покажува дека сте на вистинскиот пат, накај Света Богородица, и по едно десетминутно симнување надолу сте на вистинското место, во црковниот двор, кај Стојан и Светлана.

За повеќе детали и фотографии кликнете тука: Женски Магазин

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...