13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаЛицата со попреченост се против воведувањето на дигитални учебници.

Лицата со попреченост се против воведувањето на дигитални учебници.

И лицата со попреченост се против воведувањето на дигитални учебници. Велат дека за тоа треба соодветни услови кои во земјава ги нема. Има деца кои одат во специјални училишта за деца со попреченост, но и деца во редовното образование. Учењето без книга за нив ќе биде многу тешко. Нивните барања и забелешки во среда ќе ги достават до МОН и до канцеларијата на Европската Унија.

-Особено бидејќи тие преку брајовата книга го развуваат дактилниот осет и тифлотехничкиот пристап за да можат да се ориентираат дали читајќи книга, дали пишувајќи на брајева машина, дали седејќи на посебен нормален десктоп со брајев ред за да може слепото лице да чита. Ние сеуште сме далеку од таквите технологии, сведоци сме дека таква опрема има само во училишта за слепи лица а во други нормални училишта каде што учат лица со атипичен развој нема таква опрема која е многу скапа, вели Суарет Алишан од Коалицијата Менуваме.

Министерката Царовска пак најави дека со новата реформа за прв пат на учениците со оштетен вид ќе им бидат достапни аудио и учебници печатени со Брајово писмо. Со дигиталните учебници наставните содржини ќе се обработуваат преку видео и аудио материјали.

Лицата со попреченост пак велат дека единствената брајева машина за печатење на книги во земјава не функционира бидејќи за истата не се произведува хартија.

Средношколците пак се за дигитализација и воведување на дигитални учебници но само ако имаат право на избор. Според нив секој ученик мора да има и печатен учебник, бидејќи не сите имаат електронски уреди и интернет за да учат.

Инаку од септември само четвртооделенците ќе учат од дигитални учебници. Дигитализацијата ќе се воведува етапно и ќе стартува од нив, а целосно образовниот систем ќе се дигитализира за 5 години.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...