13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаТикТокерот Дуди со вредна донација за нашиот Преспански херој. (Видео)

ТикТокерот Дуди со вредна донација за нашиот Преспански херој. (Видео)

Преспанскиот херој -За овој прекрасен лик Васил Јанкула не постои „не и не можам“ во животот, тој е пример за сите нас дека сите сме исти и дека животот е убав за сите, само треба да ја пробудиме нашата свесност. Тој има 28 години и е роден со церебрална парализа, но дијагнозата не го спречува за ништо во животот… Досега многупати учествувал на маратони и спортски настани низ државата. Минатата година учествуваше и на Скопскиот маратон каде извози 42 километри со трицикл. Исто така возејќи трицикл тој направи и кружна тура од 800 километри околу државата. Вистински мотиватор за нас и многумина Инаку вози автомобил, трицикл, плива, скија и лета со параглајдер…

Васил Јанкула е другар во вистински смисол на зборот, него често може да го забележиме во друштво на ТикТокерот Дуди Дудиш човекот кој донесе свежина на социјалните мрежи преку неговиот хумор. Дуди за Шило Магазин ни открива Васил имал само една желба, а тоа е во својот дом да има лента за трчање, но поради недостаток на финансиски средства не можел да си го оствари својот сон.Нема достапен опис

Благодарение на нашата дијаспора во Швајцарија во организација на Дуди и неговиот брат за 24 часа се собраа доволно пари за да може да го израдуваат нашиот херој.

Како изгледаше сето тоа, и колку само среќа и радост има во ова видео ќе проценете и сами…

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...