6.8 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаГостиварецот се обиде да побегне од полицијата заврши во Шутка

Гостиварецот се обиде да побегне од полицијата заврши во Шутка

Според СВР Тетово, возачот кој вчера се обиде да и побегне од контрола на полицијата и физички нападна полицаец е пренесен во затворот Шутка, каде наредниве денови ќе издржува мерка притвор.Доцна попладнево, судијата во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на И.Б. (49) од гостиварското село  Балиндол му определил мерка притвор од 8 дена.

Тој е осомничен дека сторил кривично дело “напад на службено лице при вршење работи од областа на безбедноста”. И.Б. претходно доби пријава по член 383 став 1 од Кривичниот законик, од СВР Тетово.

По носењето на решението од гостиварскиот суд И. Б. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот.

Осомничениот, вчера (24 април) околу 17 часот и 10 минути, на улица “Браќа Ѓиновски” во Гостивар, нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија од областа на сообраќајот, по што И.Б.беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

 

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...

Почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка.

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи. – Почина Тони Шипка, човек кој...

Традиционално од Света Петка Велгошти, ВМРО ДПМНЕ ја започна парламентарната кампања.

Огромен број граѓани вечерва присуствуваат на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид од каде партијата традиционално ја започнува кампањата за парламентарните избори. Кандидатите за...