8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаОхрид се простува со наставничката Розе Работовска која ја загуби битката со...

Охрид се простува со наставничката Розе Работовска која ја загуби битката со COVID-19

Охрид, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вработените од ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец денес се простуваат од својата драга колешка Розе Работовска, која го загуби животот после долгата и немилосрдна битка со COVID-19.

– Розе беше наставник кој си ја сакаше својата работа, голем ентузијаст, секогаш насмеана, спремна да помогне и секогаш подготвена да се радува на животот. Умееше од секоја ситуација да ги извлекува само добрите работи и никогаш да не покажува дека животот и не е толку лесен. Борец до крај! Нејзиниот ведар дух влеваше позитивна енергија каде и да се појавеше, а нејзината мајчинска топлина се чувствуваше во секој совет што несебично го споделуваше. Изгубивме драга колешка, пријател, соработник, добар другар и храбар човек. Заминувањето од Розе ќе остави голема празнина во нашиот колектив, но секогаш ќе се сеќаваме на нејзината ведрина, на нејзината насмевка и на нејзината силна желба за живот и радост, велат нејзините колеги.

Розе Работовска беше наставник по биологија, хемија и природни науки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...