25.9 C
Ohrid
недела, јули 25, 2021
Почетна Македонија Душко млекарот: Полицијата повторно ме малтертира, пред некој ден ме казна за...

Душко млекарот: Полицијата повторно ме малтертира, пред некој ден ме казна за неносење маска (ВИДЕО)

Translate (Eng):[gtranslate]

БИТОЛСКИОТ МЛЕКАР ДУШКО ИЛИЕВСКИ ПРЕД КАМЕРАТА НА АЛФА ТВРДИ ДЕКА Е ПОД ПОСТОЈАНА ТОРТУРА ОД ПОЛИЦИЈАТА. ОТКАКО ПРЕТХОДНО ИМАШЕ ДОБИЕНО ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ ВО ГЕРМАНИЈА, ПОСЛЕ ПОБАРАНАТА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ВЛАСТА ЗАРАДИ ОДЛЕЖУВАЊЕ ЗАТВОРСКА КАЗНА, ДОДЕКА ГО ЧЕКА ОБНОВУВАЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ, Е НА СЛОБОДА- НО ВЕЛИ ИСТО КАКО ДА НЕ Е.  ТВРДИ ДЕКА ПОЛИЦИСКИ ИНСПЕКТОР ПОСТОЈАНО МУ СЕ ЗАКАНУВА, И СЕКОЈДНЕВНО ГО МАЛТРЕТИРА. ПРЕД ИЗВЕСНО ВРЕМЕ ГО КАЗНИ ЗА НЕНОСЕЊЕ МАСКА, И КАКО ШТО ВЕЛИ ДУШКО, НА СВОЈА РАКА МУ ЧЕПКАЛ ПО ДОКУМЕНТИТЕ ОД ПАРИЧНИКОТ ЗА ДА МУ ИЗВРШИ ПРЕТРЕС ДА НЕ СЛУЧАЈНО ИМАЛ ДРОГА.

ИСТОТО МУ СЕ СЛУЧИ ПРЕД НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ. ИНСПЕКТОРОТ МУ РЕКОЛ, СЕГА ПОВТОРНО ПОЈАВИ СЕ НА АЛФА ТВ, АМА ПОВЕЌЕ НЕМА КОЈ ДА ТЕ ШТИТИ, ОТИ СИТЕ КРЕНАА РАЦЕ ОД ТЕБЕ. ОДВАЈ ЧЕКАМ ДА СИ ЗАМИНАМ КАЈ СЕМЕЈСТВОТО ВО ГЕРМАНИЈА, ОВА НЕ СЕ ИЗДРЖУВА ВЕЛИ ДУШКО- МЛЕКАРОТ.

РЕКЛАМА
- Реклами -