11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаАдвокатката на Јане Ченто Анита Бегова: Снимката не е на Јане, па...

Адвокатката на Јане Ченто Анита Бегова: Снимката не е на Јане, па затоа барам порталот кој ја произнесе оваа вест со оваа лажна снимка јавно да се извини !!

На еден портал се појави текст со аудио снимка од разговор помеѓу две лица во кој, наводно и неразбирливо, едното се заканува по животот на премиерот Зоран Заев и неговото семејство.

Порталот тврди дека разговорот е помеѓу Јане Ченто, кој издржува долгогодишна казна за упадот во Собранието и друго лице без ниту еден доказ за тврдењето. Според наши сознанија по објавата извршен е претрес и распит на Јане Ченто во затворот за да се утврди постоење на разговорот.

Објавувањето на туѓ, било чиј телефонски разговор, е кривично дело но, Јавното обвинителство досега не се огласи иако помина речиси цел ден од делото, ниту пак побара отстранување на снимката од порталот до овој момент.

Продолжува праксата на одбрани меѓу новинарите блиски до власта да им биде дозволено се, без оглед дали се работи за дозволено ментално тероризирање од Бранко Тричковски, Мактел или Либертас, преку финансирање на партиски активсити и/или членови на нивни семејства од државни пари, измислени рекламни акции и државни фондови како за браќата Орданоски, Горан Михајловски од порталот Сдк, порталите 24Инфо, Слободен печат и десетина други, или клеветење со нанесување сериозни последици на противници на власта како во овој и низа слични случаи.

Адвокатката Анита Бегова, овластен бранител и правен застапник на Јане Ченто благовремено побара од порталот и Главниот уредник отстранување на објавата и демант дека лицето од разговрот е Јане Ченто но, до овој момент, тоа не е исполнето. Ова е барањето од адвокатката Анита Бегова:

Г-дин Предраг Петровиќ, главен и одговорен уредник на А1он.мк
Почитувани,

Денес, на ден 28.04.2021 на вашиот портал А1он.мк е објавен текст со аудио запис и наслов ,,Заев ќе биде изрешетан како куче, ќе лежам доживотно”, снимка на “Jутуб” на која пишува дека Ченто и Ќосето зборуваат за ликвидација.

Во својство на адвокат на Јане Ченто,барам ВЕДНАШ И БЕЗ ОДЛАГАЊЕ да го тргнете името и презимето Јане Ченто од насловот и посочената статија и јавно да се извините за објавување на истата и инволвирање на Г-динот Јане Ченто во разговор во кој тој не учествувал.

Пред се, гласот на снимката воопшто не е на Јане Ченто, а неовластено објавување на било чиви телефонски разговори или снимање и репродуцирање на туѓи разговори е кривично дело, што мора да ви е познато.

Во ист формат и во истата рубрика – почетна, барам веднаш и без одлагање да го објавите ова писмено барање за јавно извинување, да се извините јавно и да ја повлечете оваа клеветничка и штетна вест, со која ќе се ублажат последиците од нанесената клевета и ќе се избегне ваша граѓанска одговорност за сторената клевета пред граѓански суд.

Ништо од бараното, според законска обврска за објавата, досега не е извршено.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...