8.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаДац до Мицкоски: Кога ќе напишете песничка од неколку реда и отпеете...

Дац до Мицкоски: Кога ќе напишете песничка од неколку реда и отпеете јавно ќе ве сметам за кредибилен критичар

Откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени новиот хит на дуото, Драган Спасов Дац и Александар Митевски наречен „Вакцина“ како „Дно“ актерот Драган Спасов- Дац му ипрати јавно писмо на Христијан Мицковски,  преку својот Фејсбук профил.

-Писмо до човекот кој не прозва нас и здравствените работници

Господине Мицкоски, би сакал најдобронамерно да Ви помогнам, затоа што гледам дека не знаете дека песната “Марина” (во препев “Вакцина,,) е компонирана од познатиот италијански шансониер Роко Граната. Ние на таа мелодија напишавме текст. Компонирање е едно, а пишување забавен текст на дадената мелодија е сосема нешто друго , а нашата финална композиција е препев или кавер. Таква беше и “Корона Чао”, ако се сеќавате, хит во нашиот регион. Кој знае – ок, кој не знае – предолго за објаснување.

Сето време во пандемијава се трудиме да создадеме позитивна енергија и оптимизам кои итекако му се потребни на нашиот народ. Празните фрази, ветвите извици и повици не се наша тема на интерес (актер и музичар), а истовремено не дозволуваме да бидеме ставени во политички контекст таму каде за тоа нема место. Правото на јавниот говор што ви го дава партиската функција, ние како музичар и актер сме го стекнале со многу театарски и музички награди во земјата и странство и од таму нашата релевантност во јавниот простор . А вие? Никој нашите слушатели и обожаватели со ништо не ги принудува да ,,не сакаат и слушаат,, , ниту некој не платил или нарачал песната да ја направиме таква каква е. Ние сме само две ноти и неколку збора во морето музика и текст кое не опкружува. За некого морето е радост, извор на здравје, но за некого е смртен непријател во кој неукиот и тупиот на збор и музика може да се удави.

Во Вашите моменти на луцидност и чудење упатени кон нашата песна, си давате за право да коментирате нешто за што, простете, немате појма. Кога ќе напишете песничка од неколку реда и отпеете јавно неколку ноти, ќе ве сметам за кредибилен критичар; вака, сте само – политичар.

Во нашата музика нема ни П од политика, тоа го знаат сите. Оној што пее и игра со нас за да може на момент да заборави на проблемите е наша ,,целна група,,. Здравствените работници кои играа на песната (на чело со Денис, нашиот другар и пандемиски соборец со позитивна енергија), се истите тие кои за време на цела пандемија одеа по сите домови во нашата земја од утро до мрак, беспрекорно работејќи ја својата работа. Сега дел од нив го вакцинираат народот во две смени . Спонтаното играњето кое го коментирате е наш, а не Ваш придонес. Во нашиот свет, нашите почитувачи тоа го прават затоа што срцето така им диктира, без било какви очекувања. Од таму и танцот на здравствените работници. Има разлика,нели ? Никој од луѓето кои се вакцинирале, не рекле дека кога дошле на вакцинација прво учеле да играат оро како услов да добијат вакцина. Напротив, граѓанството се фали на љубезноста,пожртвуваноста и професионалноста на здравствените работници. Можеби и тоа е лошо по државата, а?, прашува Дац.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Да беше жив, денес ќе славеше 73 години !!

Ќе наполнеше 73 години Роден на 19 Април 1951та во Скопје! Беше еден од најкреативните, најталентираните и најшармантните актери во Македонија! Беше еден од ретките,...

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за...

Ахмети на импровизирана седница го избра Села за претседател на Собранието, ги усвои и измените на Уставот!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети го прогласи лидерот на Алијанса за Албанците, дел од Европскиот фронт, Зијадин Села за претседател на Собранието на Македонија,...

ВМРО-ДПМНЕ традиционално ја стартува кампањата од Охрид, вечерва митинг на Градскиот плоштад

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, со голем народен митинг, вечерва традиционално ќе ја започнат кампањата за парламентарните избори од Охрид. На настанот, кој со почеток...