9.1 C
Ohrid
недела, мај 9, 2021
Почетна Македонија Владата разгледува мерки за намалување на цената за маслото за јадење- но...

Владата разгледува мерки за намалување на цената за маслото за јадење- но никако не може да се одлучи

Translate (Eng):[gtranslate]

Владата разгледувала предлог за финансиска поддршка на домашно производство на масло за јадење од сончоглед за домашен пазар, но засега од таму велат дека станува збор за разгледана информација без донесена одлука. Кога ќе има конкретни заклучоци и одлуки, велат дека ќе ја известат јавноста.

Претставници на владата единствено уверуваат дека ситуацијата се разгледува на терен, но дека тековите најмногу се должат на порастот на цените на светската берза. Во врска со покачувањето на цената на маслото за јадење, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека во извесна мера е оправдано поради светско движење на цените.

Во Македонија скокнаа трошоците за живот. Во март оваа година во споредба со истиот месец во 2020, трошоците на живот се зголемени за 2,1 отсто, а цените на мало за 2,6 проценти. Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан најмногу кај маслото и маснотиите за 3.5 oтсто.

РЕКЛАМА

Од јуни минатата година, цените растат постојано, достигнувајќи раст од 22,9 проценти во февруари. Во споменатиот период цената на маслото за јадење се зголеми за цели 60,8 проценти, а на житарките за 29 насто.

Најголеми домашни производители на масло за јадење  во Македонија се велешки „Кристал“, штипскиот погон „Брилијант“ на „Витаминка“ и струмичката компанија „Ал-Макс“ која произведува зејтин под брендот „Бисер“.

 

- Реклами -