14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаШахпеска: Подговуваме законски измени за и таткото да може да оди на...

Шахпеска: Подговуваме законски измени за и таткото да може да оди на породилно отсуство, од кои 5 ќе бидат за мајката а остатокот може да ги земе и сопругот.

Надлежните подготвуваат законски измени со кои е предвидено породилното да трае околу 12 месеци, од кои 5 ќе бидат задолжителни за мајките, а остатокот ќе може да се комбинира со другиот родител.

Ќе трае ли подолго породилното отсуство за мајките?.Надлежните подготвуваат законски измени со кои е предвидено породилното да трае околу 12 месеци, од кои 5 ќе бидат задолжителни за мајките, а остатокот ќе може да се комбинира со другиот родител.

Кој се ќе биде опфатен со овие измени ќе се знае веројатно во јуни за кога министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, очекува да биде изготвено решението, а потоа ќе следи јавна дискусија. Се уште нема пресметка ниту колку пари ќе ја чини државата, но сепак министерката уверува дека Фондот за здравство ќе може да го издржи товарот.

Работодавачите не се против овие измени, но сепак сметаат дека подолгото породилно може да има негативен ефект врз кариерата на жената…

Продолженото породилно е едно од повеќето законски измени во корист на работниците кои синдикатите ги побараа минатата година.

Мајките и здруженијата со години бараат породилното отсуство да биде продолжено на повеќе од 9 месеци, а во екот на пандемијата од Ковид-19 ова барање се интензивираше и преку протести, посебно на оние на кои породилното им завршува овие месеци. Мајките реагираа дека во ек на пандемијата мака мачат да најдат место во градинка или дадилка, па многу од нив се приморани да дадат отказ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...