7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаМакедонијаВасил Стерјовски не успеа да стане пратеник во Албанија.

Васил Стерјовски не успеа да стане пратеник во Албанија.

spot_img

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, не успеа да обезбеди пратенички мандат на парламентарните избори, што се одржаа на 25 април во Албанија. Стерјовски, беше на 12-то место на кандидатската листа на Социјалистичката партија во изборната единица Корча.

-Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани од округот Корча и до сите Македонци од Албанија кои живеат и работат во Македонија и Грција, кои изразија желба на 25 април да дојдат и да гласаат за мене. За жал, Техничкиот комитет на експерти, во врска со мерките за заштита на населението за време на пандемијата со корона вирусот, четири дена пред изборите, воведе двенеделен карантин за секој што доаѓа од Македонија и Грција. Поради тоа, Македонците од овие држави немаа можност да дојдат во Република Албанија и да гласат за мене, изјави Стерјовски.

Според освоените гласови, тој е деветти по ред на листата, што значи дека не успеа да влезе во добитната листа, но е на листата на чекање. Доколку се ослободи место во текот на четиригодишниот мандат на новиот парламентарен состав тој повторно ќе влезе во парламент.

-За исправна ја сметаме одлуката на Македонска алијанса за европска интеграција за коалиција со Социјалистичката партија, бидејќи таа е апсолутен победник на овие парламентарни избори. Од новата влада на премиерот Еди Рама очекуваме поголема грижа и инвестиции за регионите каде живеат Македонците во Албанија, и вклучување на Македонците во институциите на системот. Ќе бараме решавање на многубројните проблеми со кои се соочуваат Македонците во Албанија, нагласува тој.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...