12 C
Ohrid
петок, мај 7, 2021
Почетна Македонија На овој Велики Петок верниците со иста желба, да помине корона пандемијата

На овој Велики Петок верниците со иста желба, да помине корона пандемијата

Translate (Eng):[gtranslate]

И покрај ковид пандемијата, православните христијани утринава ги посетија храмовите во државата, на најтешкиот празник, Велики петок кога Христос бил распнат на крст и погребан. Екипата на М Нет беше во посета на храмот „Св. Климент Охридски“ во Штип, а граѓаните кои беа тамо си посакаа многу среќа, здравје и што побргу да помине корона кризата.

Со читање на царските часови, па изнесување на светата плаштаница положувајќи ја на светата ковуклија, се празнуваше христовото погребение. Верниците традиционално поминуваат под светата ковуклија, со молитви и желби за зравје и среќа.

На велики петок на Христос му бил ставен венец од трње на главата и тежок крст на плеќите кој го носел до ридот Голгота, каде што е распнат. По патот тој бил плукан и навредуван од мнозинството народ. Но се нашол таму и еден добар човек по име Симон од Киринеја кој се сожалил и му помогнал на Исус да го носи крстот. И денес по 2000 години, патот по кој тој одел е познат како пат на болката. На Голгота биле поставени три крста. Крстот на Исус бил во средината а од страните биле распнати двајца разбојници. Дури и на крстот Исус побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”.
мнет

РЕКЛАМА
- Реклами -