8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаАвстралиски министер со „Христос воскресе“ на македонски !!!

Австралиски министер со „Христос воскресе“ на македонски !!!

Австралискиот министер за имиграција, државјанство, мигрантски услуги и
мултукултурни односи Алекс Хоук ги прифати укажувањата од македонската
заедница и ѝ упати честитка за православен Велигден, а не „грчки Велигден“, каква
што беше праксата досега, под влијание на силното грчко лоби.
На крајот од пораката Хоук дури и го честита големиот христијански празник со
„Христос воскресе“ на македонски јазик.
„Како вистински приказ за богатата културна и религиозна раноликост со кои е
благословена Австралија, православните велигденски беседи ќе се слушнат на
англиски, грчки, македонски, српски, арапски, руски, украински, арамејски и
романски.
На сите ви посакувам безбеден и благословен Велигден.
Христос воскресе!“, вели министерот во својата „Порака за православниот
Велигден“, како што ја насловува.
„Употребата на терминот ‘грчки’ Велигден конечно завршува во Австралија и се
заменува со точниот термин ‘православен’ Велигден. Грчкото лоби, како и грчката
заедница се многу активни во долг временски период во оваа земја, ширејќи
пропаганда, но македонскиот глас конечно се слушна“, на Фејсбук објави Аника
Стојковски од Мелбурн, покрај честитката од Хоук.

ЕХСПРЕС.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...