10.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСВР Охрид за празниците ја ангажира велосипедската полициска патрола

СВР Охрид за празниците ја ангажира велосипедската полициска патрола

Со цел зголемување на безбедноста за време на Велигденските и првомајските празници во Охрид, но и за остварување поблизок контакт со граѓаните, СВР Охрид во своето редовно полициско работење, од денеска ја ангажира велосипедската полициска патрола.

– Предвидено е, патролата, активно да се вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот. Полициските службеници на велосипед, ќе работат на спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање на сторители на казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир и мерки во сообраќајот. По проектна иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, велосипедската полициска патрола, СВР Охрид ја воведе во јули 2008 година, со претходна професионална обука за посебните техники на полициско велосипедско патролирање, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...