9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаДржавната помош да им се исплаќа директно на работниците, а не на...

Државната помош да им се исплаќа директно на работниците, а не на газдите, бараат синдикатите

Државната помош да се исплаќа директно на сметките на работниците за да нема злоупотреби од газдите;  покачување на платите, но и итно носење на новиот Закон за работните односи што ќе ги рефлектира потребите на работниците наметнати од кризата се само дел од барањата на сидикатите и здруженијата кои повикаа на заедничка борба за работничките права.

Преку првомајски проглас, синдикатите посочија дека на глобално ниво, 100 милиони луѓе западнаа во тешка сиромаштија, а сите работници заедно изгубија околу 3.700 милијарди долари, односно 8.4 проценти од нивниот доход, исто онолку за колку што се зголеми богатството на светските милијардери.

За состојбата во Македонија, велат дека десетици илјади лица останаа без работа за време на кризата, додека богатите го дуплираа својот капитал, заштитени од мерките што државата ги донесе за да им помогне на фирмите.

Во прогласот се додава дека минималната плата е зголемена за само 200 денари, а дел од фирмите кои добија 800 милиони евра за справување со кризата, ја злоупотребија оваа државна финсиска помош оставајќи ги вработените без плати. Потсетуваат дека 17.000 работници не ја добија заработената плата за три месеци поради тоа што пратениците сметаа дека „работниците можат да истраат уште еден месец без плати“.

Според податоците на Агенцијата за вработување, 43.086 лица останале без работа по започнувањето на кризата во март 2020 година. Најновото истражување на Здружението за истражување и анализи покажува дека во 2020 година вкупно 6783 текстилни работнички и работници останале невработени.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест- Се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици

- Полициските чувари од прилепскиот Затвор на протест, се плашат за својата безбедност од високо-ризичните осуденици кои ги чуваат – ...

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...