8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаВнукот на Гоце Делчев ќе диригира со Филхармонија по повод смртта на...

Внукот на Гоце Делчев ќе диригира со Филхармонија по повод смртта на македонскиот револуционер

Филхармонија в четврток, на 6 мај 2021, ќе одржи концерт со кој ќе ја одбележи годишината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Маестро Христо Христов, внук на најголемиот македонски херој Гоце Делчев, ќе диригира во македонската филхармонија на годишнината од смртта на големиот македонски великан. На програмата се дела од Григ, Хендл, Маскањи, Моцарт, Сибелиус, Вагнер, Офенбах и Бизе. Како солистки се настапат Илина Митревска и Десислава Тодорова.

Диригент е Христо Христов, Бугарија досега имал четири настапи со оркестарот на Филхармонија. Последен пат, по истиот повод, диригирал на 04 мај 2019 г. Тој е директен потомок на братот на Делчев, а се соочува со сериозни проблеми во Бугарија поради фактот што отворено се декларира како Македонец.

Со диригирање се занимава уште од далечната 1988 година кога би примен како приправник диригент во орекстарот во Варна. Тој на само 27 години станува еден од главните диригенти на оркестарот во Варна како најмлад главен диригент во историјата на Бугарија.

Покрај музиката тој е и претседател на Фондацијата Гоце Делчев.

-Мојот прадедо Христо е брат на Гоце Делчев. Делчев самиот немаше деца. Како и во голем број фамилии некогш, многу деца имало и во нашето семејство, 5 женски и 4 машки деца. Нашите мажи беа активни во борбата за слобода, а паднатите беа убиени. Само мојот прадедо преживеал, вели тој во неодамнешно интерјву

мк вести

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...