14.6 C
Ohrid
вторник, април 16, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонец ја почасти неговата сакана со Ферари.

Македонец ја почасти неговата сакана со Ферари.

Македонскиот фудбалер Дарко Тасевски на сопругата ѝ купил луксузен автомобил, постар модел на „Ферари“ кој наводно чини 100.000 евра и пентхаус на атрактивна локација во Софија за кој потрошил 250.000 евра, пишува бугарски „Викенд“, пренесува ММС.мк

Тасевски е во брак со поранешната мисица Романа Андонова која за автомобилот и самата се пофали на социјалните мрежи.

Пентхаусот се наоѓа во затворен луксузен комплекс, а Дарко и Романа се уште го уредуваат. Новиот дом исто така е подарок од фудбалерот на Славија, за сопругата, како и автомобилот.

Пред да се преселат во Бугарија Дарко и Ромина го подариле целиот мебел и гардероба во Тајланд на сиромашни луѓе.

 

 

Домина и ова го споделила на социјалните мрежи, додавајќи дека повеќето работи што таа и нејзиниот сопруг ги дале на луѓе кои имаат потреба од нив.

 

 

Тие контактирале со организација која се занимава со поддршка на лицата во неповолна состојба. Оттаму испратиле автобус во кој тие натовариле скоро сè, од гардероба до покуќнина, вклучувајќи маси и столови.

 

 

На своите пријатели, пак, им ги подариле книгите и играчките од своите три деца. Во Бугарија ги донеле само важните и најскапи предмети кои што им значат, како што се наградите што ги добил Дарко и оние што децата ги добиле на училиште, пишува Викенд.

 

 

„Дојдовме дома само со малку гардероба“, изјавила Ромина за медиумите.

 

 

„Се вративме дома со неколку предмети за кои интимно сме врзани и со неколку парчиња гардероба“, им признала Ромина на бугарските медиуми.

 

 

Македонскиот интернационалец, кој има 43 настапи за Македонија играше во Левски од 2007 до 2012 година, а е дете на Вардар. Во кариерата настапуваше и за Металург Запорожје, Ирони Кајрат Шимона, Бангкок Глас, Супханбури, Кон Каен, а од лани е во Славија Софија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Владата заклучи: 24 април (среда) и 8 мај да бидат неработни денови за сите граѓани

На 16. седница, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на...

Да бидеме хумани! Апел за помош на Сашо Лазаровски кој по вторпат се бори со рак

Сашо Лазаровски има потреба од нашата помош. Битолчанецот, кој еднаш го победи ракот на белите дробови, сега повторно води тешка борба со оваа опака...

Таравари: Ќе гo забраниме коцкањето и брзите кредити, идната Влада ќе ги покрива долговите на граѓаните од брзи кредити“, рече Таравари

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска оствари важна посета на градот Струга, каде се разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до...

Давкова: Денес во Валандово се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов.

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов. Имавме можност да поразговаравме за многу...