13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаИнтересот за вакцинација во Македонија секојдневно се зголемува, вчера се аплицирани 9123...

Интересот за вакцинација во Македонија секојдневно се зголемува, вчера се аплицирани 9123 вакцини

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата, како што се посочува, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74076 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 7963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92253 граѓани. Со последните бројки 25 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид. Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат, стои во соопштението.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...