8.8 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаОВР Струга: Преземени се сите мерки за безбедно одвивање на верската манифестација...

ОВР Струга: Преземени се сите мерки за безбедно одвивање на верската манифестација „Еордија-литија“ во Струга

spot_imgspot_img

Во пресрет на верската манифестација „Еордија-литија“, што утре од 15:00 до 19:00 часот ќе се одржа во Струга, во чест на празникот Св. Ѓорѓија Победоносец, од ОВР Струга информираат дека ги презеле сите неопходни мерки за безбедно одвивање на црковната процесија со акцент на строго придржување до превентивните мерки и препораки за заштита на населението од вирусот COVID-19.

– Во периодот од 4-ти до 6-ти мај 2021 година, претставници на СВР Охрид и ОВР Струга, одржаа работни состаноци со претставници на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, на кои, им беше нагласена потребата од доследно и дисциплинирано придржување до сетот мерки и препораки на здравствените органи и владините мерки за заштита од Корона вирусот и при вршење на верските служби и други активности за време на литијата, црковните и другите лица, строго да се придржуваат до одредбите за држење социјална дистанца и носење заштитни маски. Црковните претставници кои биле во постојан контакт со МПЦ-ОА, информираа за планираните активности пред и за време на одржувањето на Литијата кои целосно се во согласност со сетот превентивни мерки и нагласија дека Литијата ќе биде составена од локалното свештенство и монаштво. Посочија дека ќе бидат ангажирани други црковни лица и претставници на агенција за обезбедување, со цел непречено и безбедно одвивање на предвидениот верски настан.
ОВР Струга изготви оперативен план и во согласност со истиот, на 7-ми мај 2021 година, ќе изврши физичко покривање на поширокиот дел од црквата „Св. Ѓорѓи“ како и целокупната траса по која ќе се движи црковната процесија и нема да дозволи групно движење позади поворката. ОВР Струга апелира до верниците, настанот да го следат од страна без придружување кон поворката и целосно придржување до препорачаните хигиенско-безбедносни мерки со цел, заштита на јавното здравје на населението од COVID-19, информираат од СВР Охрид.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...