11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Утре е голем празник за почит, се одбележува денот на полицијата....

Спасовски: Утре е голем празник за почит, се одбележува денот на полицијата….

Утре се одбележува Денот на полицијата, по тој повод гостин во вестите на Канал 5 е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Со оглед на состојбата со Ковид-19 , ќе го одбележиме празникот во кругот на Полициската станица „Ѓорче Петров“ пред споменикот на бранителите.

Денеска одржавме онлајн конференција за улогата на жените во МВР за да се создадат услови што е можно повеќе припаднички на понежниот пол да го носат одлуките .

„Утре ќе дадеме силна поддршка и признание на секој припадник на македонската полиција , рече Спасовски.

Една од клучните работи е полициските работници да бидат мотивирани за работа и со гордост може да истакнам дека имаме опремена полиција, полиција со добри услови. Тоа можевме да го видиме и вчера, а сето тоа е градење доверба од граѓаните , зашто полицијата е огледало на државата. 55 објекти се целосно реконструирани , а целосно се опремени припадниците на полицијата. Минатата година ја завршивме со најдобри работи во последните 30 години и градиме услови за ефикасност на полицијата, рече Спасовски во гостувањето во вестите во Канал 5.

Спасовски рече дека се изградени два објекти како ИКТ центарот во Прилеп со центар за сите информации , како и новата зграда на крим техника со нови лаборатории , како и новиот Центар за странци, најави Спасовски , кој рече дека наскоро почнува изградба на нова полициска станица во Аеродром и во Бутел.

Владата на Обединетото кралство ги призна македонските возачки дозволи , рече Спасовски.

Со министерот Спасовски разговараше Михајло Видимлиски…

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...