9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаEвропа бара да се подобрат условите во затворот Шутка.

Eвропа бара да се подобрат условите во затворот Шутка.

Северна Македонија треба да воспостави професионална затворска служба, ефекасен надзор на управувањето во затворите и да обезбеди подобри услови за лицата задржани во затворите Идризово и Скопје, се наведува во извештајот на Европскиот комитет за спречување на тортурата и на нехуман и деградирачки третман или казнување (КПТ) за 2020 година, посветен и на ад хок посетата на негова делегација на земјава.

– Ад хок посетата на Северна Македонија во декември се фокусираше на третманот и затворските услови за лицата што се наоѓаат во затворите Идризово и Скопје. Целта беше, исто така, да се процени напредокот постигнат по периодичната посета на Комитетот во декември 2019 година. Делегацијата ги посети и полициските станици Бит Пазар, Гази Баба, Карпош и Кисела Вода во Скопје, се наведува во извештајот на ова тело на Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА, Комитетот посочува дека го интензивирал својот постојан дијалог преку разговори на високо ниво, при што на 9 декември минатата година негова делегација разговарала со премиерот и министерот за правда.

– Дискусијата ја истакна потребата за професионална затворска служба со јасни упатства и ефикасен надзор врз тоа како таа да се раководи. Исто така, беше препознаено дека Министерството за здравство треба да инвестира повеќе во подобрувањето на здравствената заштита што им се дава на затворените лица. Се дискутираше и за неопходните мерки за обезбедување на подобри услови за затворениците во затворите во Идризово и Скопје и за воспоставување режим на стимулација, се посочува во извештајот.

Според Комитетот, работите се движат цело време во позитивна насока, но се уште има „сериозни прашања за решавање”.

– Разговорите на високо ниво, во кој е вклучен премиерот на Северна Македонија, ги покажува заложбите на властите на Северна Македонија да се вклучат и да ги имплементираа препораките на Комитетот, нагласи претседателот на КПТ, Алан Мичел.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...