22 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Трагедија во домот на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари: Нашиот херој почина

Трагедија во домот на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари: Нашиот херој почина

Translate (Eng):[gtranslate]

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари на својот Фејсбук профил напиша дека неговиот татко починал.

„Почитувано семејство и драги пријатели, по напорната битка од неколку недели, татко ми не можеше да се справи со болеста. Тој беше херој на секоја војна и секоја битка што ја поминав во животот.

Столбот на нашето семејство се сруши, нашиот херој почина оставајќи празнини и длабока болка во нашите срца, празнини кои никогаш нема да бидат пополнети! Татко ми повеќе нема да биде физички меѓу нас, но секогаш ќе биде присутен во нашите срца и молитви.

РЕКЛАМА

Копнежот и љубовта кон него никогаш нема да згаснат! Ова беше одлука на Господ и на нас е да се согласиме со одлуката и да се молиме на Бога да го закрили нашиот татко под неговата милост! Погребот ќе се одржи денес (петок) на старите гробишта, по петочната молитва.“, напиша Таравари.Нема достапен опис

- Реклами -