14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаЕстрадаКога те бива за се те бива: Фолкерката Ирена Спасовска прави пари...

Кога те бива за се те бива: Фолкерката Ирена Спасовска прави пари и кога не пее..

Една од најпознатите македонски фолк пејачки, Ирена Спасовска, ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.

Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Ирена добро знае дека на естрадата освен добра песна, потребна е и провокација.

Како што е познато во 2018 година пејачката имаше турбулентна година на приватен план.. Таа ја прекина 13 годишната врска со новинарот и поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, Орце Гелевски.

Откако остана повторно слободна или кариерата и тргна во ептен нагорна линија, па заработката е таква што може да си дозволи луксуз на висока нога.

Го смени имиџот, па по теркот на музиките ѕвезди од соседството, Ирена јавноста може да ја види како на себе има се помалку парчиња облека, а се повеќе гола кожа.

Патем, по некоја тетоважа и живот на висока нога, по елитните ресорти на далечните егзотични дестинации… Ирена сега послабо настапува но времето го користи за себе и за здрав живот. Вели дека внимава што јаде и редовно вози велосипед.

За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.

Секое утро, таа пие свеж лимон со пола литар топла вода, и тоа многу ѝ помага во топење на мастите. Спасовска се покажа и како добра домаќинка, па за Василица објави слика од василичарското диетално лепче и напиша: „Идеална диетална храна за детокс на организмот после празниците е лепчетп без брашно од цели изртени зрна.

Од хумусот со различни вкусови го преферирам пикантниот и есенскиот“, рече Ирена. Потоа, готвеше здрава храна и кај нејзината стара пријателка и колешка Адријана Алачки, со која ја започнаа музичката кариера како дуо, во емисијата „Вкусот на традицијата“.

„Вегетаријански специјалитето, лазањи со тиква и полнети и печени компири. Вкусот на традицијата. Јас и мојот асистент во оваа емисија“, напиша Ирена на Фејсбук.

Неодамна, таа сподели интересна порака на Фејсбук: Никогаш не се врти наназад. Таму е се без промена. Убав ден пријатели.

Ирена во последно време стана инфлуенсерка, по теркот на светските и на балканските ѕвезди од нејзината фела. Сите тие, сега заработуваат на овој начин.Нема достапен описНема достапен опис

Откако пејачите слабо настапуваат, таа на Фејсбук рекламира разни производи кои ги конзумира и во кои ужива. Станува збор за здрави напитоци, салони за убавина, ресторани, салон за мебел, па дури и кломпи.

Извор: sekojden

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...