27.9 C
Ohrid
петок, јуни 25, 2021
Почетна Македонија Ден по Рамазан ќе се знае дали и понатаму на отворено ќе...

Ден по Рамазан ќе се знае дали и понатаму на отворено ќе се носат маски, и од кога ќе може да се организираат свадби на отворено?! (Видео)

Translate (Eng):[gtranslate]

Ден по Рамазан ќе се знае дали и понатаму на отворено ќе се носат маски, ќе се укине ли полицискиот час и од кога ќе може да се прават свадби. Во петок Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок на кој ќе ги разгледува овие прашања. Но поради намалувањето на бројот на нови случаи и хоспитализации се очекува да има целосно олабавување на мерките.

И угостителите се надеваат дека наскоро ќе почнат да работат без ограничувања и дека ќе можат да организираат и поголеми прослави според строго утврдени протоколи.

Се пожалија и дека многумина не можат да аплицираат за мерките од шестиот пакет, затоа што како услов се бара угостителството да им е примарна дејност. Затоа бараат Владата итно да ги промени условите, во спротивно дел од нив нема да можат да ја добијат помошта.

РЕКЛАМА

Велат дека целосно од шестиот пакет изземени се малите хотели, особено оние кои работат во планинските предели на кои хотелиерството име втора, а примарна дејност објектот во склоп на хотелот кој работи со храна.

Во моментов угостителите имаат дозвола за работа до 22 часот и 30 минити.

- Реклами -