14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонскиот Тарзан: Стојанче Ангелов се спушта по јаже низ клисура длабока 30...

Македонскиот Тарзан: Стојанче Ангелов се спушта по јаже низ клисура длабока 30 метри. (Видео)

Во спасителната вежба „Мрежичко 2021“која се одржа утринава кај кавадаречкото село Мрежичко, активно учествуваше и в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Тој се спушти по јаже низ клисура длабока 30 метри.

-Во знак на восхит на овие млади луѓе и во знак на доверба на нивните вештини и опрема со кои располагаат, ќе се спуштам по јаже низ оваа клисура длабока не повеќе од 30-тина метри, рече Ангелов при неговото активно учество во „Спасителна вежба Мрежичко 2021“ која е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија.

Спасителна вежба Мрежичко 2021, се однесува на спуштање и извлекување на повредени лица од непристапен терен и индустриски алпинизам. –

Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже, традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни, наведуваат од ЦУК.

„Спасителна вежба Мрежичко 2021“ е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини….

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...