11.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаДемократски сојуз: Бенефициран стаж за здравствените работници!

Демократски сојуз: Бенефициран стаж за здравствените работници!

spot_imgspot_img

Предлагаме Собранието на Македонија да донесе резолуција за трајно одбележување и признание на здравствените работници за несебичното ангажирање и пожртвуваност за време на пандемијата и придонесот што го имаат во заштитата на инфицираните од коронавирусот и заболените од ковид-19, лекарската грижа и изложувањето на себеси и на семејствата е огромна опасност по здравјето, соопшти партијата на Павле Трајанов.

Демократскиот сојуз предлага на сите здравствени работници додека трае пандемијата да им се пресметува бенефициран стаж, за 12 месеци ефективна работа да им се пресметуваат 16 месеци, со зголемен процент да им се пресметува пензиската основа, а да се разгледаат и други погодности, како повеќе денови за годишен одмор и сл.

„Предлагаме Собранието на Македонија да донесе резолуција за трајно одбележување и признание на здравствените работници за несебичното ангажирање и пожртвуваност за време на пандемијата и придонесот што го имаат во заштитата на инфицираните од коронавирусот и заболените од ковид-19, лекарската грижа и изложувањето на себеси и на семејствата е огромна опасност по здравјето. Демократскиот сојуз иницира расправа за овие предлози и очекува Владата и Собранието да ги преточат во соодветни законски решенија. Истовремено, апелираме најавеното зголемување на платите за здравствените работници да се реализира што е можно побрзо. Инаку, соодветен респект заслужуваат и вработени во други области, како што се припадниците на полицијата, трговските работници во малопродажбата итн“, се вели во партиското соопштение.

plusinfo

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Врховен одлучи: Таткото на убиената Вања оди во домашен притвор

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи...

Стојанче: Овојпат ДУИ мора да падне, со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме

По вчерашниот пораз на СДСМ утрово се огласи и Стојанче Ангелов. СЕГА ИЛИ НИКОГАШ! Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ...

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни...

Доктор Нико си тера мајтап: „Стефчо Јакимовски собра повеќе потписи од гласови“,

Вечерва, кога веќе се познати изборните резултати, кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски освои околу 5.500 гласови, доктор Нико Беќаровски објави хумористичен статус за него. „Стефчо...