29.9 C
Ohrid
понеделник, јули 15, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонското Собрание по скратена постапка го усвои Законот за дивоградби..

Македонското Собрание по скратена постапка го усвои Законот за дивоградби..

Македонското Собрание на денешната седница по скратена постапка го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Законот кој беше поддржан и од власта, но и од опозицијата беше изгласан со 72 гласа ЗА и 5 гласа ПРОТИВ. Петмина пратеници беа воздржани.

Овој Закон предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“. Тој ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно законот.

Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство.

Законот вклучува гаражи, остави и базени, изградени без дозвола за градба. Дозволено ќе биде легализирање на дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство.

spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фатиме Фетаи стана доктор на науки

Обвинителката Фатиме Фетаи го одбрани докторскиот труд на тема „Главна расправа во практиката – предизвици и дилеми“ на правниот факултет „Јустинијан Први“. На одбраната,...

Градоначалникот Пецаков: На мое големо задоволство, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го означивме почетокот на изградбата на новата спортска сала во ООУ...

На мое големо задоволство, заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска официјално го означивме почетокот на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“...

Мицкоски од Охрид: Започнуваат значајните проекти кои им беа ветени на граѓаните.

Денес сум во Охрид каде започнуваат значајни проекти ветени на граѓаните. - Ветивме и остваруваме - камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската...

Тепачка помеѓу две семејства во Штип, полицијата приведе 11 лица

На 13.07.2024 во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишил од слобода З.М.(27), М.С.(29),М.К.(27), А.К.(24), М.К.(50), М.К.(30), Ш.К.(52), Е.Д.(43), Џ.Д.(23), А.Д.(25) и Џ.Ј.(28)...