7.9 C
Ohrid
понеделник, декември 9, 2024
ПочетнаСветИ покрај што има 85 години сеуште си ја сака својата работа-Дедо...

И покрај што има 85 години сеуште си ја сака својата работа-Дедо Демир е најстариот камионџија во Србија.

spot_img

Демир Јоксимовиќ повеќе од половина од својот живот го поминал на тркала, а иако има 85 години, тој сè уште вози. Воланот на огромниот друмски крстосувач не го испушта од раце, возејќи од Белград до Урал и многу светски метрополи.

Многу веројатно е дека тој е единствениот возач на шлепер во Србија кој е активен и откако ја „преполовил“ 9-та деценија од животот.

„До ден-денес останав доследен на воланот, не ја менував професијата и обожувам да го работам тоа“, изјавил Јоксимовиќ за српскиот портал „Rina“.

Со текот на годините Демир започнал да вози полн шлепер низ европските држави, не гледајќи колку километри поминува.

„Со шлепер, освен скандинавските земји, нема точка на која не сум бил. Од Ирак и Иран до Шпанија и Португалија. Можам да возам по 8, 9 часа дневно, не ми е проблем“. Кога сте постојано на пат се случуваат проблеми, дефекти, но не се нерешливи и иако имам многу години, дури и тркалата ги менувам сам. На почетокот знаев и многу странски зборови кои ми ја олеснуваа комуникацијата, меѓутоа со текот на времето разбирам голем дел од работите, но заборавив да зборувам на странски јазици“, додава тој.

За него е интересно тоа што во текот на својот стаж никогаш не заработил казна.

Возачката кариера сепак ја завршува ова лето
Многу возачи кои живеат со „воланот во раце“ како Демир, се навикнати да не можат да бидат на едно место. Но, овој светски патник планира да стави точка на своето километарско досие.

tocka

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...