19 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Од црн џип испукани 90 куршуми во „голфот “на убиениот Камер Идризи...

Од црн џип испукани 90 куршуми во „голфот “на убиениот Камер Идризи во Бутел

Translate (Eng):[gtranslate]

Скопјанецот Камер Идризи (42) и негов роднина се убиените вечерва во населбата Бутел 2, дознава 24 Инфо. Мотивите за убиството на Идризи, кој во Бутел е познат како Камбер, и тоа на големиот верски празник Рамазан Бајрам за сега не се познати.

Голем број полициски екипи се на терен во потрага по убијците, а местото го обезбедуваат припадници на ЕБР додека форензичарите го прегледуваат теренот околу изрешетаниот автомобил „голф 7“ во кој биле убиените.

Двојното убиство се случило околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.

РЕКЛАМА

Како што дознава 24 Инфо, зад воланот на „голфот“ бил внукот на Идризи кои биле паркирани во близина на еден ресторан. Тогаш во нив било пукано од црн џип од кој пукале најмалку двајца. Убијците биле со „калашникови“ и испукале голем број на куршуми. Неофицијално, биле испукани околу 90 куршуми, а полицијата на местото пронашла две испразнети рамки од автоматски пушки.

За повеќе детали и фотографии клик на 24инфо

- Реклами -